Обилна поплава во Непал однесе села близу границата со Тибет
Голема поплава во Непал однесе села во регионот кој се граничи со Тибет, соопштија денеска локалните власти, предупредувајќи на големи жртви и ги повикаа оние кои живеат на бреговите на реките да побараат повисоки терени.

– Имаме извештаи за села и локации на инфраструктурни проекти кои ги однесе водата – изјави окружниот администратор Нарендра Паријар, додавајќи дека нема непосредни проценки за жртвите или за загубата на имот.
Како што оцени тој, би можело да има големи жртви или загуба на имот, но сега ништо не може со сигурност да се каже.
Премиерот на Непал, Балендра Шах, изјави дека тимовите за спасување и помош, како и полицијата и војската, се испратени да помогнат на лице место.
– Дадени се упатства луѓето кои живеат во пониските подрачја да се преместат на побезбедни места – рече тој.
Реката Боте Коши извира во Тибет и се влева во непалската река Тришули, која на крајот се влева во Индија како река Гандак. Поплавата минатата година во реката Боте Коши уби девет луѓе, а го однесе и Мостот на пријателството кој ги поврзува Непал и Кина, што го наруши сообраќајот и трговијата на неколку месеци.






