Полициска контрола на плажа во Охрид: Скопска фирма и сопственикот заработија кривична за точење алкохол на малолетници
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(37) од Скопје и против правно лице од Скопје, чиј сопственик е, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик.

При контрола во угостителски објект на една плажа во Охрид, извршен на 29.07.2026, со која стопанисувале пријавените, полициските службеници затекнале малолетни лица на кои им било овозможено да консумираат алкохолни пијалоци






