Велика Британија: Украдени податоци од 8,7 милиони корисници по кибернапад врз аеродроми

Податоци на 8,7 милиони корисници се украдени по кибер напад врз три аеродроми во Велика Британија, вклучувајќи ги Манчестер и Станстед, соопшти денеска Групацијата на аеродроми во Манчестер (MAG).
Податоците, вклучувајќи е-адреси, телефонски броеви, регистарски таблички на возила и поштенски кодови, беа украдени за време на хакерски напад, јави Скај њуз. Компанијата објави информации за „инцидент со кибер безбедност“ во кој беа вклучени аеродромите во Манчестер, Станстед и Источен Мидлендс.
„Групацијата на аеродроми во Манчестер беше цел на инцидент со кибер безбедност предизвикан од неовластена трета страна“, изјави портпаролот на MAG.
Како што е наведено во соопштението, имало неовластен пристап до одредена количина на кориснички податоци поврзани со резервации за паркирање, салони за пристап и услуги „Fast Track“ (брз премин низ контрола), како и регистрација за користење на Wi-Fi мрежата на аеродромите во Манчестер, Станстед и Источен Мидлендс. „Безбедноста на патниците и авијацијата во ниту еден момент не беше загрозена“, соопшти групацијата MAG.






