МИ2026: Висок пораз на македонските ракометарки од Италија

Македонската женска младинска ракометна репрезентација го претрпе четвртиот пораз на Медитеранските игри во Таранто, откако вечерва загуби убедливо од домаќинот Италија со 39-16.

 

Фаворизираниот домаќин од самиот почеток наметна силно темпо и го отвори натпреварот со серија од 4-0.

 

До средина на полувремето италијанските ракометарки ја зголемија предноста на 11-3, а на полувреме заминаа со двоцифрена предност (19-7), и рутински го приведоа натпреварот до самиот крај.

 

Најефикасна во македонската репрезентација, која е меѓу најмладите на женскиот ракометен турнир во Таранто, беше 18-годишната Дона Тодорвска со пет голови.

 

Македонската репрезентација е на делба на последното место со Косово во групата А пред нивниот меѓусебен дуел во последното коло, в недела со почеток во 17:30 часот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close