СДСМ: Македонските медиуми не смеат да бидат полигон за туѓи политички и пропагандни интереси

По предупредувањата на македонските телевизии, по реакциите на СДСМ за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија, соопштено е дека Финансиската полиција отворила предмет а АВМУ ја запрела постапката. Дали има независна институција која постапува или гледаме уште еден блеф на Мицкоски само за смирување на јавноста?, стои во соопштението на СДСМ коешто МИА го објаува интегрално.

Ова е тест за институциите, но и за Мицкоски, дали ќе ги тргне рацете од институциите и ќе ги остави да работат или повторно ќе диктира.

СДСМ внимателно го следи случајот. Нема да дозволиме мачкање очи. Сите факти мора да се утврдат и да следи одговорност.

Македонските медиуми не смеат да бидат полигон за туѓи политички и пропагандни интереси. Со месеци СДСМ предупредува Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, спроведува операцијата за медиумски мрак и во Македонија.

Српската медиумска машинерија преку Еуроњуз и Ало влегува во земјата. На сомнителен начин и со заобиколување на законите. Тоа е шемата на Организираната криминална група и нивната сестринска СНС.

Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, кога европската перспектива се блокира, потребна е пропаганда и медумска контрола. Да нема критика. Да нема прашања. Да нема одговорност. Да има само пропаганда.

СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слобода на медиумите и слобода на говорот. Целосна поддршка за независните медиуми во Македонија. Нема да дозволиме повторно да се врати времето на Груевски.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Back to top button
Close