Левица :Базенот и Дино паркот во Штип предадени на приватници – Јорданов вели ако ги стопанисува општината ќе пропаднат

Затворениот базен во Штип, неполна година откако беше ставен во употреба, е даден на стопанисување на приватно лице наместо со него да стопанисува Јавното претпријтие „Исар“ кое ја има токму таа улога. Истата судбина го снајде и Дино паркот кој по еден месец од свеченото отварање го дадоа на стопанисување на приватник.

Фирмата што го добива на управување овој капитален објект, изграден со пари на граѓаните, постои едвај една година. Зад неа стои младиот сопственик, Милан Димитровски, чиј единствен аргумент пред јавноста е самопрогласената парола дека е „општествено одговорен граѓанин“

Вистинскиот скандал лежи во поразителното признание на првиот човек на градот, Иван Јорданов: „Ако базенот му се даде на стопанисување на ЈП ‘Исар’, тој ќе пропадне“. Ова не е ништо помалку од јавно признание за сопствената неспособност и неангажираност со јавните капацитети. По таа логика, Јорданов слободно може да стави клуч на сите јавни претпријатија во градот и да ги затвори, штом самиот тврди дека институциите со кои раководи се неспособни да управуваат со сопствените ресурси и се осудени да тонат во долгови и пропаст. Наместо да ги зајакне капацитетите на општинските претпријатија, тој избира градскиот имот, платен со народни пари, едноставно да го сервира на приватна тацна.

Додека на Штип му се нуди можност ЈП Исар да ги отплати постоечките долгови со добро разработен бизнис модел и да создава што е можно поголем прилив во буџетот, Иван Јорданов буквално крева раце од управување со ова претпријатие кажувајќи „Ако дозволиме сите овие содржини да ги менаџираат јавните претпријатија истото ќе се уништи за неколку месеци“. Со оваа изјава Јорданов прознава дека раководството на ДПМНЕ не е способно или не сака да го води ЈП Исар. Уште еднаш се докажа дека бизнис интересите на ДПМНЕ се пред интересите на јавното добро и спортот.

За парадоксот да биде поголем, основниот буџет за спорт при последниот ребаланс беше насочен кон инфраструкрура и општинска инфрастуктура. Дали за ДПМНЕ инфраструктура значи само градење, но не и одржување на постоечките спортски објекти?

До сега граѓаните не добиле назад ниту еден јавен спортски центар, туку само се сведоци како еден по еден објект преминува во долгорочна приватна експлоатација под услови чија економска оправданост допрва треба да се докаже.

На 6-ти мај советниците од #Левица реагираа дека ова не смее да се дозволи и гласаа против ваквата одлука. Државните спортски објекти треба да се достапни за спортистите и рекреативците. Не смее парите на граѓаните да се инвестираат во приватни бизниси.

Исто како базенот, само еден месец по свеченото отворање на Дино паркот, капитален општински проект тежок дури 500.000 евра народни пари, Јорданов и општинската власт решија преку ноќ да го сервираат на приватник. Изговорот на ДПМНЕ повторно е дека паркот се дава под закуп „за посетителите да имаат побогата содржина“. Се поставува прашањето: Кога Општината го проектираше и градеше овој парк од половина милион евра, како не се сети да предвиди содржини, туку мораше да почека само четири недели за да го препушти целиот простор во приватни раце?

Со одлуката за давање под долготраен закуп од дури 15 години, градоначалникот Иван Јорданов уште еднаш ја потврдува својата поразителна матрица на управување, со народни пари да се гради, а потоа да им се отстапува изграденото на бизнисмени да стопанисуваат и печалат.

Ова е класичен пример како јавниот фонд се користи како почетен капитал за приватни интереси.
Споделена објава

Back to top button
Close