Зеленски за нападот во Киевската област: Ситуацијата е ужасна


Ситуацијата во селото Мила во Киевската област е ужасна и станува збор за страшна небрежност на тие кои складирале експлозиви во непосредна близина на луѓето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако најмалку 37 луѓе загинаа, а 42 се повредени во серија експлозии предизвикани од руски напад во округот Буча.

„Од синоќа до денес добивам извештаи за ситуацијата во селото Мила, каде што се случија серија експлозии по рускиот напад. Уште едно такво злосторство, по она што се случи во Вишнево, е апсолутно неприфатливо“, напиша Зеленски во објава на платформата Икс.

Тој додаде дека очекува деталите веднаш да бидат презентирани на јавноста.

Back to top button
Close