Марта Кос: Одлуката да ја откажам мојата посета на Белград беше единствената можна

„Одлуката да ја откажам мојата посета на Белград беше единствената можна. Величењето на осудените воени злосторници и оддавањето воени почести на некој што е одговорен за геноцидот во Сребреница и за најлошите воени злосторства во Европа по Втората светска војна е целосно неприфатливо.

 

Тоа е во директна спротивност со основните вредности на Европската Унија – владеењето на правото, помирувањето и почитувањето на жртвите“, рече во интервју за „Си-ен-ен“ комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос.

 

Таа изјави дека одлучила дека како политичар и личност не може да оди во главниот српски град. Причина е тоа што десетици илјади луѓе се собраа да му оддадат почит на починатиот поранешниот командант на босанските Срби – Ратко Младиќ.

Кос порача:

„Можете ли да замислите како би можела некогаш да ги погледнам во очи мајките од Сребреница кои изгубија многу членови на семејството. Ги сретнав многу пати, разговаравме, научив многу од нив, тие најмногу страдаа, но тие се симбол на помирување. Ми рекоа „никогаш нема да заборавиме, но можеме да простиме“. Затоа сите треба да работиме заедно и тоа е она што го очекувам од Србија, особено затоа што е земја која е кандидат за членство во ЕУ“.

Back to top button
Close