Со хеликоптер е пренесено безживотно тело пронајдено на Шар Планина

Како што објавија дел од медиумите, станува збор за планинар-алпинист на возраст од околу 70 години од тетовското село Џепчиште

Со хеликоптер е пренесено безживотно тело пронајдено на Шар Планина, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.

„Околи 17:30 часот од подрачјето на Шар Планина со хеликоптер е пренесено безживотно тело, пронајдено на над 2 500 метри надморска височина“,се вели во полицискиот извештај.

Според полицијата, безживотното тело е пронајдено по пријава од граѓани околу 14:30 часот.

Оттаму најавуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Како што објавија дел од медиумите, станува збор за планинар-алпинист на возраст од околу 70 години од тетовското село Џепчиште.

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close