Сабаленка моќно до следното коло на турнирот во Пекинг

Арина Сабаленка успеа да избори пласман во следното коло на турнирот во Пекинг откако на стартот постигна победа за 62 минути против Рената Заразуа со 2:0 во сетови (6:1 и 6:3). Сабаленка имаше одличен сервис во текот на мечот и забележа 11 асови.

Се трудев да бидам агресивна и на сервис и на ретрн. Среќна сум за играта која ја прикажав, изјави Сабаленка по мечот.

Во следното коло ќе игра против Никола Бартункова од Чешка.

Пласман во третото коло обезбедија и другите фаворитки: Наоми Осака, која по голема борба ја победи Марија Тимофејева со 2:1 во сетови. Шампионката на Ролан Гарос, Мира Андрејева со пресврт дојде до победа од 2:1 во сетови Јуан Јуе од Кина. За уште еден меч се избори и шампионката на Вимблдон Линда Носкова, која со 2-0 во сетови ја победи Елена Габриеле Русе од Белгија.

Back to top button
Close