Затвореник избоден со остар предмет во Идризово, пронајдени и 39 пакувања со дрога t
Во Казнено-поправната установа „Идризово“, се регистрирани два инциденти при што во едниот случај затвореник бил повреден со остар предмет, а во другиот биле пронајдени 39 пакувања со дрога.

Во првиот случај, во амбулантното одделение на затворот завчера околу 18:35 часот дошло до физичка пресметка меѓу 28-годишен осуденик од скопско и 41-годишен осуденик од Битола. Според пријавеното, 41-годишникот употребил остар предмет и му нанел повреда на другиот затвореник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Во одделен случај, при извршен претрес врз двајца осуденици, на возраст од 34 и 37 години, биле пронајдени и одземени 25 пакувања со кафеава прашкаста материја и 14 пакувања со марихуана, односно вкупно 39 пакувања.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на двата случаи, по што ќе следуваат соодветни пријави






