Втор круг претседателски избори во Бразил

Во Бразил денеска се одржува вториот круг од претседателските избори.
Кандидати за шеф на државата се сенаторот Флавио Болсонаро и актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.
Во првиот круг од претседателските избори, што се одржа на 4 октомври, Болсонаро освои 47,03 отсто од гласовите, додека Лула да Силва доби 45,16 отсто од гласовите.
Главни теми на нивната кампања беа економскиот раст, корупциските скандали, јавната безбедност, минималната плата, здравствената заштита и заштитата на Амазонската прашума.






