Интер се врати на лидерската позиција во Серија А

Интер попладнево ја победи Фиорентина на домашен терен благодарение на два гола во судиското продолжение.

Натпреварот од 8. коло одигран во Милано заврши 2:1.

Маркус Турам постигна гол за домаќините во 90+1 минута, а Пјотр Зиелински од пенал постигна гол во 90+7 минута. Претходно, Алехандро Хименез го постигна единствениот гол за гостите во 65. минута.

Интер има 22 бода и е на чело на табелата во италијанското првенство, додека Фиорентина е на 18. место со четири бода.

Back to top button
Close