(ВИДЕО) Кузмановска: СДММ е со студентите – Бараме достоинствени услови во домовите и студентски оброк од 200 денари
Прес конференција на Стефанија Кузмановска, претседателка на СДММ
Студентскиот дом „Стив Наумов” продолжува да се распаѓа. Еден месец по реконструкцијата, распад систем. Прво протекуваше вода од сите страни, немаше греење, сега пукна и бојлер.

За среќа, па нема повредени.
Ова ли е домот од А-категорија што го ветуваа Јаневска и Мицкоски?
Влага, прокиснати соби, нема греење, нема топла вода, а сега и пукнат бојлер! Ама затоа двојно се зголеми партиципацијата за сместување. За што плаќаат студентите 6.600 денари месечно?
За дефекти во домот што требаше да биде целосно реновиран!
Што добија студентите? Ништо. Ниту достоинствени услови за живот во домовите, ниту повисок студентски оброк – преживуваат со мизерни 140 денари студентски оброк.
Со вториот ребаланс власта ги скрати парите за образование, за реконструкција и енергетска ефикасна рехабилитација на студентските домови.
Нема повисок студентски оброк. Ете толку им е грижа за студентите. Мицкоски нема пари за младите, затоа што ги троши за своите криминални тендери.
Студентите заслужуваат достоинствен живот.
СДММ е со студентите. Бараме зголемување на студентскиот оброк на 200 денари, тоа е минимумот за пристоен и здрав оброк, за подобри услови за студентите.





