Славески: Самиот факт дека средства се префрлаат од една во друга земја не значи дека станува збор за сомнителна активност

Наводите за трансфер на средства од Србија кон странство, Славески го оцени како прашање за надлежните институции во таа земја, при што нагласи дека Народната банка на Србија веќе излегла со официјално соопштение и дека непроверени тврдења за други банкарски системи не треба да се коментираат

Домашниот банкарски систем е стабилен и отпорен, а Народната банка континуирано и на секојдневна основа го следи работењето на сите банки, нивната ликвидност, капитална позиција и изложеност на ризици. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, коментирајќи ги актуелните медиумски наводи за прекугранични трансфери на средства.

Наводите за трансфер на средства од Србија кон странство, Славески го оцени како прашање за надлежните институции во таа земја, при што нагласи дека Народната банка на Србија веќе излегла со официјално соопштение и дека непроверени тврдења за други банкарски системи не треба да се коментираат.

„Во современата економија, во која земјите и финансиските пазари се тесно поврзани, прекуграничните финансиски текови се вообичаен дел од економските активности. Компаниите вршат плаќања кон странски добавувачи, банките извршуваат трансакции за своите клиенти, а инвеститорите вложуваат средства и на домашните и на странските пазари. И нашата земја има приливи и одливи на капитал, вклучително и преку портфолио-инвестициите во странство“,вели Славески.

Тој нагласува дека самиот факт дека средства се префрлаат од една во друга земја не значи дека станува збор за сомнителна активност. За правилна оценка, од суштинско значење се природата, основата и околностите на трансакциите, како и нивната усогласеност со законите и регулативата.

Гувернерот потсети дека инвеститорите ги префрлаат средствата од различни причини, како што се потрага по повисоки приноси, поповолна инвестициска клима или во периоди на неизвесност.

Квалитетот на супервизорската рамка на Народната банка е потврден уште во 2021 година со одлука на Европската комисија, со која домашната регулатива и супервизија за банките е оценета како еквивалентна на стандардите на Европската Унија.

Гувернерот Славески им порача на граѓаните дека довербата во банкарскиот систем треба да се темели на проверени информации и факти, уверувајќи дека централната банка продолжува да работи на зачувување на стабилноста како еден од клучните столбови на економијата.

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ги обвини премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и Јавното обвинителството дека молчат во врска со наводите дека по изборниот пораз на Александар Вучиќ во Србија во земјава се префрлаат големи суми пари преку „Алта банка“.

Како што посочи тој, Мицкоски и гувернерот на Народната банка се најповикани да одгооарат околу тврдењата за префрлањето пари од Белград, бидејќи влезот на „Алта банка“ се случил со нивно знаење и одобрување. Одговорите на ова прашање, според секретарот за меѓународни односи на СДСМ, не ги очекуваат само граѓаните во земјите туку и оние во регионот.

Back to top button
Close