Преживеале три месеци во мал чамец среде океан: спасени пет лица, меѓу нив две деца, потрагата по уште четири лица продолжува
Пет лица, меѓу кои и две деца, биле спасени во островската држава Кирибати во јужниот дел на Тихиот Океан откако речиси три месеци плутале во мал чамец. Уште четворица патници се водат како исчезнати, соопштија надлежните служби.

Преживеаните ги пронашле жители на островот Фанинг во неделата. Според проценките, тие поминале околу 5.400 километри, носени кон исток од Федералните Држави Микронезија.
Американската крајбрежна стража во Гуам потврдила дека на 30 јули бил пријавен исчезнат чамец со девет лица, кој не се вратил на островот Руо во Микронезија. Била организирана десетдневна потрага на површина од 85.700 квадратни километри, но без резултат.
Петтемина преживеани биле пронајдени дехидрирани и неухранети. Здравствениот работник Паук Торооро изјавил дека им била дадена инфузија и дека покажуваат знаци на закрепнување. Според него, тие веќе можат да се насмевнат и покажуваат желба заЗа нив на островот се грижи свештеник, а преживеаните побарале приватност и засега не сакаат јавно да зборуваат за искуството. Во меѓувреме, гувернерот на микронезиската сојузна држава Чуук, Александер Нарун, соопштил дека започнал разговори со владата на Кирибати за нивно враќање дома.
Според извештајот на австралиската телевизија Еј-Би-Си, деветте лица тргнале на едночасовно патување со чамец меѓу островите Мурило и Руо, но за време на пловидбата ги зафатила бура. Американската крајбрежна стража продолжува да ги проверува информациите за судбината на четворицата исчезнати.






