Приведен 50-годишник кој им земал дел од парите на граѓани при подигнување од банкомат во Куманово

Педесетгодишен жител на кумановското село Пчиња бил приведен откако, им нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, а потоа им земал дел од парите, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. Како што информираат од СВР Куманово, на 2 ноември околу 10:30 часот, полициски службеници го привеле М.З. (50), кој бил забележан пред банка на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово при извршување на кривично дело „затајување“.

Според пријавеното, тој им нудел помош на граѓаните при подигнување пари од банкомат, но искористувајќи го нивното невнимание, земал дел од парите. По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава

Back to top button
Close