(ВИДЕО) СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Прес конференција на СДСМ – Митко Трајчулески, пратеник

Како што најавивме СДСМ поднесе интерпелација за поранешниот вицепремиер, сега министер за локална самоуправа во владата на Мицкоски – Иван Стоилковиќ.

Време е за политичка одговорност на еден од извршителите на Вучиќ, на кинеските и руски агенди, за ширењето омраза и величењето воени злосторници.

Основите на интерпелацијата се јасни: недозволиво и недолично однесување кон пратениците со што се руши достоинството на Собранието и политичко дејствување кое е спротивно на националните и стратешки интереси на Македонија.

Стоилковиќ не им служи на граѓаните на Македонија а за неговото останување во Владата директно е одговорен Христијан Мицкоски.

Неговата поврзаност со српски разузнавачки структури и неговите јавни настапи и активности поврзани со Русија отвораат сериозно прашање: чии интереси застапува како член на македонската Влада?

Македонија е членка на НАТО и земја со надворешна политика усогласена со надворешната политика на Европската Унија.

Промовирањето спротивни геополитички агенди ја поткопува довербата кај сојузниците и им нанесува штета на нашите национални интереси.

Го отвораме и прашањето за неговото патување во Кина и настапувањето со делегацијата на СНС и Вучиќ.

Интерпелацијата ги опфаќа и содржините со кои се велича Ратко Младиќ, осуден за геноцид.

Луѓе кои величаат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции.

Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесуваат на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства.

Министер во земја членка на НАТО мора да ги почитува државните стратешки определби.

Не може функцијата да ја користи за промоција на политики што ги поткопуваат

На ова се надоврзуваат пцуењето, навредите и заканите во Собранието кон пратениците од СДСМ, до Фатмир Битиќи и до мене лично, како и до пратеничката Арбана Пашоли.

Министер има обврска да одговара пред Собранието и да ја прифаќа парламентарната критика. Кога на поставени прашања и критики возвраќа со закани, тој го погазува достоинството на институцијата и покажува дека не е достоен за функцијата.

Стоилковиќ не беше повикан на одговорност ниту некогаш лично се извини.

Затоа политичката одговорност треба да се утврди пред Собранието.

Државната функција не е партиска пропусница. Македонија има свои институции, свои интереси и своја надворешна политика.

Стоилковиќ е дел од тој систем. Мицкоски го постави, го задржа и политички го штити.

Затоа оваа интерпелација е прашање на државно достоинство, суверенитет и политичка одговорност.

Со оваа интерпелација бараме политичка одговорност и јасен одговор од парламентарното мнозинство: дали ќе го заштитат достоинството на Собранието и државните интереси или ќе го заштитат Стоилковиќ?

Back to top button
Close