Ја земал со автомобил во близина на нејзиниот дом: 22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот со малолетничка
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22) од дебарското село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

На 13.08.2026 пријавениот остварил вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско село, откако, по претходен договор, со неговиот автомобил ја земал во близина на нејзиниот дом.
По преземени мерки, тим од полициски службеници и од Центарот за социјални работи, во присуство на член од семејството на малолетничката, извршија службени разговори, по што, С.Ц. беше лишен од слобода






