Републикански конгресмен поднесе предлог за отповикување на американскиот секретар за одбрана

Републиканскиот конгресмен Тоамс Маси од Кентаки поднесе предлог за отповикување на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет поради војната во Иран.
Маси изнесе листа од осум точки со обвиненија против Хегсет, обвинувајќи го шефот на Пентагон за водење незаконска војна без овластување од Конгресот, како и за злоупотреба на власта.
Потегот на Маси создава услови за потенцијално гласање во Конгресот, а доаѓа само неколку дена откако партијата на американскиот претседател Доналд Трамп претрпе пораз на изборите во средината на мандатот.






