Пелени, хигиенски влошки, па дури и јамболии – Што се нема во скопската канализација
ФОТО: Водовод и канализација – Скопје
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури и јамболии завршуваат во скопската канализација. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје секојдневно интервенираат на терен за да го отстранат несоодветниот отпад што граѓаните го фрлаат во канализациската мрежа.

Од претпријатието објавија фотогалерија од теренските интервенции, на која се гледа каков отпад се извлекува од канализацијата. Предупредуваат дека ваквите материјали предизвикуваат затнување на цевките и шахтите, го отежнуваат протокот на отпадните води и го нарушуваат нормалното функционирање на системот.
Оттаму апелираат до граѓаните да не фрлаат отпад во канализациските шахти, а влажните марамчиња, пелените, хигиенските производи и останатиот отпад да ги одлагаат во корпите за отпадоци.
Од „Водовод и канализација“ потсетуваат дека зачувувањето на канализациската мрежа е заедничка одговорност и дека со правилно одлагање на отпадот може да се спречат затнувања, дефекти и дополнителни интервенции на терен






