Притворен е 34 годишник од струмичко село – се обидел да силува 22 годишна девојка

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против И.С.(34) од струмичко село поради постоење основи на сомнение дека на 07. овој месец во Богданци се обидел да силува 22-годишна жителка на струмичко село.

Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител.По поднесување на пријавата судија од Основен суд Гевгелија му определил мерка притвор во траење од осум денови

Back to top button
Close