Медински ја отфрли можноста за размена на територии со Украина


Главниот руски преговарач Владимир Медински ја отфрла можноста за каква било размена на територии со Украина, како дел од евентуалниот мировен договор.

– Темата за можна размена на територии периодично ја иницираат различни земји. Не гледам никаква можност за размена на територии, посочи Медински.

Тој истакна дека доколку се создаде фер безбедносен систем за Европа, тоа би помогнало да се гарантира мирот на континентот со децении, а можеби и со векови.

Според него тампон-зоната на Русија долж нејзината граница со Украина е веќе значајна и ќе продолжи да се шири.

– Секогаш кога Русија покажувала цврстина и самодоверба, на крајот сите пречки биле надминати и дошол период на долгорочен мир, спокојство и развој, и за нас и за нашите соседи. Затоа, таму каде што е кренато руското знаме, тоа не треба да се симнува. Задачата е друга, за тоа разговаравме денеска, наведе Медински.

Тој додаде дека Русија ќе биде задоволна само откога ќе постигне победа и ќе потпише договор според свои услови.

Back to top button
Close