Кејт Мидлтон за борбата со ракот: Имаше добри и лоши денови!


Британската принцеза – Кејт Мидлтон (44), изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот на лекување не бил линеарен и вклучувал добри и лоши денови.

Кејт Мидлтон истакна дека одморот, времето за размислување и поврзувањето со природата се подеднакво важни во процесот на закрепнување.

Во интервју за британскиот неделник „Cou t y Life“ таа се осврна на своето искуство во борбата против ракот, кој ѝ беше дијагностициран во јануари 2024 година, и истакна дека природата ѝ помогнала повторно да воспостави подлабока врска со сопственото тело, ум и дух.

„Ми кажаа во болницата дека моето закрепнување нема да биде линеарно. Ќе има добри и лоши денови и ќе биде потребно време. Исто е и во природата“, рече принцезата.

Таа истакна дека престојот во природа ѝ овозможил да има подлабока врска со сопствениот ум, тело и дух.

„Природата не бара ништо од нас. Не нè осудува и не очекува да постигнеме ништо. Едноставно ни овозможува да бидеме тоа што сме. За мене, тоа навистина беше засолниште и место каде што инстинктивно сакав да одам“, рече Кејт.

Зборувајќи за важноста на природата за време на лекувањето и закрепнувањето, таа истакна дека сериозната болест носи бројни физички предизвици, но дека постои и подлабока, внатрешна димензија која исто така треба да се земе предвид.

Според неа, науката денес го потврдува она што луѓето интуитивно го знаат и чувствуваат – дека природата и човековата благосостојба се тесно поврзани.

„Луѓето отсекогаш барале засолниште во природата. Без разлика дали станува збор за плажа што дава можност за закрепнување, природа што носи мир и поширока перспектива или планини што ви дозволуваат да бидете сами, луѓето одамна наоѓаат утеха во природната средина“, рече принцезата.

Back to top button
Close