Фарски Острови во баражот, а Словачка прва во групата

Репрезентацијата на Фарски Острови со победата од 1:0 над Молдавија се избори за второто место во групата Ц3 и со тоа за бараж за влегување во Б сегментот од Лигата на нациите. Стрелец на единствениот гол беше Аки Самуелсен во 24. минута.
Со оваа победа Фарски Острови стигнаа до осум бодови или еден повеќе од денешниот ривал Молдавија.
Инаку, првото место во групата го освои Словачка со 12 бода, откога денеска одигра нерешено 2:2 на гостувањето во Казахстан, со гол во судиското надополнување на вториот дел.
Словачка избори директен пласман во Б сегментот од ова натпреварување, а Фарски Острови се потенцијален ривал на македонскиот национален тим во баражот што ќе се игра во март 2027 година.






