Седлоски со една измена во стартните единаесет против Словенија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски се реши да направи една промена за вечерашниот дуел со Словенија во однос на стартните единаесет на дуелот од пред три дена против Шкотска.
Агон Елези ќе биде стартер, додека Љупче Дориев ќе се пресели на клупата.
Ова се стартерите на македонскиот национален тим за вечерашниот дуел со Словенија (4-2-3-1): Димитриевски; Илиевски, Младеновски, Муслиу, Алиоски; Гаштаров; Елези, Барди; Елмас, Чурлинов; Растодер.
Натпреварот се игра на Националната Арена „Тодор Проески“, а почетокот е во 20:45 часот.






