(ВИДЕО) Штерјова: Скандал – За Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници
Прес на СДСМ, Кети Штерјова
Во ек на фемициди, насилства врз жени, убиства, нова скандалозна одлука за случајот со младата Росица во Велес.
Власта и МВР се обидуваат вината да ја префрлат исклучиво врз обичните полициски службеници.
Само полицајците да бидат виновни со цел да ги заштитат високите полициски функционери, командири, началници и раководители.
Од 21 февруари до 15 септември 2025 година Росица Коцева пријавувала насилство и барала помош.
Речиси седум месеци. Имало и судски мерки за нејзина заштита.
И сега цела вина им се префрла само на полицајците.
Зошто не се опфатени командирите, началниците и раководителите во тие седум месеци?
Не можеле обични полицајци да држат пријави и изваштаи во фиока.
Ако се виновни девет полицајци, тогаш покрај поединечната одговорност се поставува и прашањето дали системот не функционира или намерно штити одредени поединци.
Обвинителството треба и Панче Тошковски да го опфати.
Во јавноста беа изнесени наводи дека Росица му испратила порака со барање за помош на неговиот телефон.
Зошто тоа не е направено? Да се провери, да се обезбеди комуникацијата.
Зошто Тошковски не ги реазреши раководителите, командирот или началникот? Или тие што се ВМРО не смеат да се чепакаат?
Обвинителството мора да ја испита целата линија на одговорност, од службениците што постапувале по пријавите, локалното раководство па се до министерот.
Ова не е правда. Ова е неказнивост и заштита на раководните структури на ВМРО.
Ова не е систем туку партиска контрола која работи по наредби од горе.
Има бројни примери – Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид.
Излегоа информации и сведоштва за наводна полициска бруталност и врз 15 годишно момче од Охрид.
ВМРО се занимава само со заташкување и заштита на своите а сега гледаме дека се фокусирани и на тоа да ги запре протестите во земјата. И со кампања и со притисоци.
Уште колку жртви треба да има за Тошковски да си поднесе оставка!
Доста беше. Оставка Тошковски.






