Поради националниот штрајк во Белгија, речиси сите летови утре се откажани

Поради протести и национален штрајк свикан од најголемите синдикати, поради мерките за штедење на премиерот Барт де Вевер, речиси сите летови ќе бидат откажани утре во Белгија, а јавниот превоз во Брисел ќе биде нарушен, објавија синдикатите и белгиската компанија за контрола на воздушниот сообраќај Скајс.
Се очекува илјадници луѓе да се приклучат на националните демонстрации во Брисел за да го осудат намалувањето на социјалниот буџет на федералната влада, предводена од премиерот, објавија синдикатите ACV-CSC, FGTB-ABVV и SYNOVA, објави „Бруселс Тајмс“.
„Низ целата земја, семејствата се борат да врзат крај со крај секој месец. Кирија, енергија, гориво, јавен превоз, школарина и храна, основните трошоци продолжуваат да растат“, се вели во соопштението на синдикатите
Како што е најавено, демонстрантите ќе се соберат од 10:00 часот наутро на станицата Брисел-Север, каде што ќе се одржат неколку говори, а околу 11:00 часот наутро, демонстрантите ќе пешачат низ Брисел кон станицата Брисел-Миди.
Операторот за јавен превоз во Брисел STIB-MIVB предупреди дека се очекуваат „големи прекини“ во сообраќајот во автобусите, трамвајските и метрото како резултат на демонстрациите, бидејќи некои вработени учествуваат во протести и штрајкови.
(






