Реал две недели без повредениот Ендрик

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ендрик, ќе отсуствува од терените во следниот период поради повреда на бутните мускули на левата нога, објави денеска Кралскиот клуб.
Реал не прецизираше во соопштението колку време ќе трае закрепнувањето на Ендрик.
Од друга страна, весникот „Марка“ објави дека клубот очекува 20-годишниот бразилски напаѓач да биде надвор од терените во следните две недели.
Ендрик одигра осум натпревари досега оваа сезона за мадридскиот клуб и постигна еден гол, а додаде и една асистенција.






