Успешен старт на македонските кадетки во квалификациите за ЕП во ракомет – триумф над Косово

Македонската женска кадетска ракометна репрезентација со победа ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство 2027, совладувајќи ја вечерва, на домашен терен во Скопје, селекцијата на Косово со 28:22.

 

Во рамки на 2. коло во квалификациската група Б, утре со почеток во 18 часот, Македонија ќе игра против Литванија, а во истиот термин в недела ќе се соочи со Грција.

 

Претходно денеска во рамки на воведното коло, Литванија ја совлада Грција со 31:17.

 

Натпреварите од групата Б се играат во спортската сала „Расадник“.

Back to top button
Close