Катица Јанева се соблекла по гаќи во знак на протест

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска во Државниот завод за ревизија почнала да се соблекува и останала во долна облека додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО, објави Телма.

На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.

На Јанева и бил подготвен и записник за прекршок за нарушување на јавен ред и мир, но таа не го потпишала.

Извори за Либертас велат дека Јанева ова го направила во знак на протест бидејќи ја привеле без судски налог и не и дозволиле да повика адвокат.

Јанева во Државниот завод за ревизија е повикана бидејќи беше одговорно лице на СЈО, за да и биде презентиран извештајот за извршената ревизија на усогласеност . Таму бил присутен и обвинител од Обвинителството за организиран криминал каде се води предистрагата за високите бонусите на СЈО.

Поради инцидентот е прекинат увидот во наодите на ревизијата за работењето на СЈО.

Дополнето:

Адвокатот на Јанева: Таа била уплашена и противзаконски спроведена, не и било дозволено да повика ниту адвокат

Фрчкоска: Јанева е спроведена со полиција да присуствува на “работен” состанок во ДЗР спротивно на закон и без претходна најава

Back to top button
Close