АА: Указот на претседателот Бајден ја погодува корупцијата, Владата да не манипулира

Го поздравуваме извршниот налог на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, кој им дава големи овластувања на Министерството за финансии во консултација со државниот секретар.

Оваа наредба на одделот одобрува воведување санкции за лица одговорни за корупција во регионот, кои се вклучени во злоупотреба на јавни средства, злоупотреба на приватен имот за лична или политичка корист или вмешани во мито.

Алијансата за Албанците од основањето е сериозно заинтересирана за расчистување на политичката сцена од такви елементи кои стануваат пречка за развојот на РСМ во сите димензии, како и на патот на интеграцијата во Европската унија.

Убедени дека коруптивни елементи имало во сите претходни влади како и во сегашната, потврдени и во извештајот на Транспаренси Интернешнл, ја оценуваме како несериозна тенденцијата на заменик премиерот за борба против корупцијата како и владата да го сокријат целосниот неуспех во борбата против криминалот и корупцијата, пристапувајќи кон оваа наредба само од политичката призма на Охридскиот и на Преспанскиот договор.

 Овие два документи за нас се веќе неспорни, но ве потсетуваме дека примарна цел на оваа наредба се санкциите против поединци кои се одговорни за корупција.

 

Back to top button
Close