АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Војводина


Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз ја почнаа новата календарска година, откако вечерва загубија на домашен терен од Војводина со 78-73 во рамки на 6. коло во АБА 2 лигата.

По резултатски израмнетата прва четвртина (18-16), уследи пад во играта на МЗТ Скопје што гостите од Нови Сад го искористија и пред крајот на третиот дел стекнаа предност од највисоки плус 18 поени (63-45).

Од тој момент МЗТ Скопје влезе во серија од 16-0, намалувајќи ја негативата на само два поени, а кратко потоа и поведе со 66-65.

Сепак, кошаркарите на Војводина беа поумешни во завршницата и на крајот заслужено му го нанесоа третиот пораз на МЗ Скопје во шестиот натпревар оваа сезона во регионалната лига.

Гил со 17 и Петков со 16 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје, чиј следен противник на 28 јануари, повторно во Скопје, ќе биде Подгорица.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close