Јаел Браун-Пивет е избрана за претседателка на Националното собрание на Франција

Кандидатката на претседателското мнозинство Јаел Браун-Пивет е избрана за претседател на Националното собрание и станува првата жена која доаѓа на оваа функција, објави доајенот на Националното собрание Хозе Гонзалес, јави дописникот на МИА.

Таа досега беше министерка за странство во новата влада на Елизабет Борн. Јаел Браун-Пивет доби 242 гласа, а со тоа и апсолутното мнозинство поради повлекувањето на пратениците на РН (Националниот собир) во вториот круг на гласови.

-Никој не влегол во овој хемицикл без емоции, без да ја почувствува историјата на овие ѕидови. Историјата на Републиката, која се ковала на овие места. Сакам да ви се заблагодарам на сите. (Оваа функција на претседател на Националното собрание) е понеопходна од кога било, бидејќи времињата во кои живееме се оптоварени со несигурност, рече Јаел Браун-Пиве, како реакција на нејзината победа.

-Ја поздравувам Ени Женевар, која беше одличен потпретседател на Националното собрание. Исто така, сакам да им оддадам почит на сите оние кои ми претходеа на оваа фотелја. Имам посебна мисла за Ришард Феран. По својата висина и строгост знаеше да отелотвори Собрание на височина. Мислам и на Жан-Луј Дебре (…), Клод Бартолоне, продолжи таа.

Собранието „го има лицето на Франција“, ќе мора да „дебатира“ наместо да се „тепа“. „Ова Собрание ќе мора да излезе од овие ѕидови за да се сретне“ со Французите“, рече таа меѓу другото.

Со изборот на Јаел Браун-Пиве, Франција со задоцнување им се придружи на речиси сите нејзини европски соседи чии национални собранија се или биле претседавани од жени.

На глобално ниво, од 1 јануари 2022 година, жените сочинуваат околу 22 отсто од претседателите на парламентот, што е повеќе од 20,9 отсто пред една година, според Меѓупарламанетарната Унија. Во Соединетите Држави, Ненси Пелоси претседаваше со Претставничкиот дом од 2007 до 2011 година и од 2019 година, додека Сенатот е предводен од потпретседателката Камала Харис.

Во Европа, многу парламентарни собранија се предводени од жени. Во Белгија, со двете комори претседаваат Елиан Тилие и Стефани Д’Хозе. Италија ја постави Марија Елизабета Алберти Каселати за шеф на Сенатот. Во Германија, Бербел Бас претседава со Бундестагот, во Шпанија Мериксел Батет го предводи Конгресот на пратениците. Во Холандија, Вера Бергкамп го предводи Претставничкиот дом, додека во Австрија Кристин Шварц-Фукс претседава со Федералниот совет.

Во Русија, Валентина Матвиенко, која се смета за блиска до претседателот Владимир Путин, претседаваше со Советот на Федерацијата (што е еквивалентно на Сенатот во Франција) од септември 2011 година.

Во рамките на Европската унија, само Словачка никогаш немала жена на чело на нејзиниот парламент. Со Европскиот парламент претседава жена, Малтежанката Роберта Мецола.

Back to top button
Close