Јафа повлекува производ од пазарот
Jaffa doo Crvenka ги информира купувачите и потрошувачите дека доброволно повлекуваат одредени количини од производот Rum kasato 120g со следниве рокови на траење:
Најдобро да се употреби до:
- 10.7.2025
- 14.7.2025
- 23.7.2025
- 24.7.2025
- 25.7.2025
- 26.7.2025
Причина за повлекување е можно присуство на тврди шеќерни парчиња. Сите останати рокови на траење се со стандарден квалитет.
Довербата на нашите потрошувачи и нашата посветеност кон доследно применување на највисоките стандарди се приоритет, велат од компанијата.
Тие ги повикуваат потрошувачите кои имаат купено производи со наведените датуми за истек на рок на траење да ги контактираат на контакт мејлот jaffa@jaffa.rs за да обезбедат замена на производот.