Ахмети: Oвој едностран суд мора да ги отфрли 13-те иницијативи за сузбивање на албанскиот јазик
Лидерот на интегративците, Али Ахмети пред Уставниот суд во изјава за медиумите вели дека треба да се отфрлат 13-те иницијативи за укинување на албанскиот јазик. Ахмети кажа дека таму не се собрале да се тепаат, туку да го слушнат гласот на разумот.
„Денеска овој едностран суд мора да ги отфрли 13-те иницијативи за сузбивање на албанскиот јазик. Тоа би била нивната најмудра одлука бидејќи таму се етнички чисти, без присуство на поголемите албански заедници и третата турска заедница. Сакаме мир, стабилност, дојдовме тука како семејство. Не дојдовме ни да се судриме, туку да го слушнеме гласот на разумот“, рече Али Ахмети.
Ахмети изјави дека овој ден го потсетува на 1989 година, кога поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ ја потисна автономијата на Косово.