Ако не сте на масата, тогаш сте на менито
Бугарите се виновни што не започнуваме преговори со ЕУ. Бугарите се виновни што во државава се кријат фирмите кои нѐ трујат со канцерогени млечни и месни производи. Бугарите се виновни што ништо не се презема кога се уриваат светските рекорди по загаденост на воздухот.
Бугарите се виновни што Универзална сала и Пошта остануваат изгорени, а се претставуваат како клучни објекти на Скопје- Град на културата 2028. Бугарите се виновни што Скопје остана смрдлива депонија од град- и покрај ветувањата на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Бугарите се криви што заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски вели дека “Добриот работник има добра плата” и затоа нема да се зголеми минималната плата на 600 евра. Бугарите се криви што сме трети по економски раст во Европа, а работниците се мрзливи влекачи кои не можат да заработат достоинствена плата.
Бугарија е виновна што за Артан Груби сѐ уште нема обвинение. Бугарите го пуштија да избега, за да се врати кога ќе посака.
За ужасната трагедија во Кочани никој не се сомнева дека бугарската полиција и нивните инспектори се виновни.
Да започневме преговори со ЕУ, ќе баравме Бугарија да биде под лупа и нивните институции и политичари. Не ние, никогаш ние. Не нашата, туку нивната канцерогена храна и воздух. Нивните ѓубриња расфрлени насекаде. Нивната корупција за која никој не ја плаќа сметката. Ние работиме само на гаранции никогаш да не се наплатат злоупотребите, проневерите, грабежот во оваа земја. Затоа и ние правиме сѐ воопшто и да не се отворат, затоа и преговорите се длабоко замрзнати во фиоките.
Ние сме само историска жртва на Бугарија и на Европа. Ние сме дојдени на овој свет само за да плачеме и кукаме, за да лелелекаме за сите неправди. Не да седнеме на масата како рамноправни партнери, да се бориме, да сториме сѐ за да ги исправаме, да докажеме со чесна работа дека сме вредни за големи идеали. Изборот на кутрите жртви од Македонци е тој-ако не сте на масата, тогаш сте сигурно на менит







