Албански премиер во договор со ВМРО?!

Можно е јас нешто и да сум пропуштил, но не видов некоја значајна – всушност, не видов никаква – реакција од страна на опозицијата по повод најавата на Али Ахмети дека ќе инсистира новиот премиер на следната влада да биде Албанец?! Не е таа изјава секојдневна, за така очигледно политички да се одмолчи…

Не е само ВМРО-ДПМНЕ кое е единствениот политички фактор во земјава што нема став за таа работа, туку ни еден од македонските десничарски колумнисти и коментатори, како по некаков договор, деновиве не напишаа ни еден став за таа значајна најава на ДУИ. А меѓу тие коментатори има доволен број на македонски националистички хистерици (башка, сите големи експерти за епидемиологија) кои и за многу подребни „национални“ провокации знаеле да се размавтаат со кубури и барјаци, повикувајќи на национални востанија и меѓунационални пресметки.

Тоа може да значи дека ВМРО биле консултирани за тој став на Ахмети пред да се објави. Нивниот молк подразбира согласност со таа идеја, што би било политичко освежување на македонската политичка сцена со револуционерни идеолошки последици.

Од друга страна, логичен си е молкот на ВМРО-ДПМНЕ. Со своите стари пријатели од ДУИ се во состојба сè да се договорат, само повторно да ја поделат власта. Ако дојде до тоа ВМРО да бира да се согласи со премиер Албанец или да останат и по изборите во опозиција, што мислите, каква одлука ќе донесат? … Туф, туф, голема работа кој ќе бил премиерот!

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close