Албанскиот Парламент на 7 јули ќе изгласа Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница

Албанскиот Парламент, пред 11 јули, кога се  одбележува геноцидот врз 6.838 Бошњаци, егзекутирани од српската војска, ќе расправа и ќе изгласа Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреници, јави Топ чанел.

Текстот на овој документ не е оној што неодамна го предложи Сали Бериша, туку истиот заедно ќе го подготват владејачките социјалисти и опозициските демократи предводени од Енкелејд Алибеај.

– Седницата ќе се одржи на 7 јули,  со потребната свеченост и протокол, како што му доликува на албанскиот законодавен дом. Претставник на Владата и координаторите на пратеничките групи ќе одржан пригодни обраќања. Секако документот треба да биде сериозен со кој нашиот Парламент треба јасно да ја изрази осудата и продолжувањето на консеквентните ставови на албанската Влада за неказнивоста во случајот со овој геноцид, изјави координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала,.

Иако социјалистите одбија да ја одобрат нацрт-резолуцијата подготвена од приврзаниците на Бериша, во нивно име Тритан Шеху, рече дека се задоволни што Парламентот сепак ќе донесе ваков документ.

– На седницата на албанскиот Парламент за Сребреница ќе бидат поканети претставници на Владата на Босна и Херцеговина и роднини на жртвите од овој геноцид, што се смета за најстрашниот во Европа, по Втората светска војна, посочува Топ чанел.

Back to top button
Close