Алтернатива го добива здравство и неколку министри без ресор

Партијата Алтернатива која постигна договор за влез во владата предводена од СДСМ ќе добие три министерски места, а за нив ќе се воведат и неколку министри без ресор, за како што рече премиерот во оставка, Зоран Заев, подобро справување со домашните и глобалните предизвици.

Партијата од своите редови ќе назначи министри во Министерството за здравство, Министерството за информатичко општество и администрација, министер без ресор задолжен за дијаспората и новите министри без ресор кои ќе се воведат.

Партијата ќе назначи свои заменици министри во Министерството за образование и наука, во Министерството за култура, а најверојатно и во Министерството за земјоделство.

Освен во Министерствата партијата, како што соопшти Заев ќе преземе повеќе управувачки органи во повеќе институции на централно и локално ниво, а меѓу нив ги спомена МЕПСО, Македонски железници транспорт, Фондот за пензиско осигурување и други институции.

Лидерот на СДСМ, Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши денеска и официјално го потпишаа влегувањето на Алтернатива во Влада. Како што кажа Заев тие се согласиле партијата да биде дел од владата до 2024 година, а може и понатаму, донсоно додека не се случат редовните парламентарни избори.

-Нe ни се потребни вонредни парламентарни избори, нова политичка и економска неизвесност, доста беа кризи, рече Заев.

Според Заев, овој договор бил постигнат за да функционира државата односно да има успешен епилог за почеток на преговоирте со ЕУ, да се изнајде решение со Бугарија, поради справувањето на земјава со Ковид-29 и глобалната економска криза.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close