Амбасадорот во ОН Фрчкоски повикан на консултации во МНР

Македонскиот амбасадор во Обединетите нации Љубомир Фрчкоски е повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, потврдија од МНР за МИА.

-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во ОН, Љубомир Фрчкоски е повикан на консултации во Министерството, велат оттаму.

Од Министерството информираат дека за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено известена.

Back to top button
Close