Американка обучувала батаљон од жени на ИД во Сирија

  Американската државјанка Алисон Флак-Екрен денеска пред американскиот суд призна дека го водела и обучувала женскиот батаљон на ИД во Сирија. Таа го прифати договорот за признавање вина пред федералниот суд и се соочува со затворска казна до 20 години. На крајот на 2016 година, Флук-Екрен ја предводела женската единица на ИД во сирискиот град Рака и водеше обука за пукање од автоматски пушки, фрлање бомби и активирање појаси за самоубиствени напади.

Во писмото на федералниот обвинител Раџ Парех се наведува дека таа обучувала и деца за борба. Флук-Екрен имала намера да регрутира оперативци за терористичкиот напад на универзитетски кампус во САД и планирал напад на трговски центар.

Back to top button
Close