Американска амбасадорка во НАТО: САД не мисли дека е неопходно Русија да биде прогласена за „терористичка држава“

САД не сметаат дека е неопходно Русија да ја прогласат за „терористичка држава“ во овој момент, а таквата одлука би можела да биде дури и контрапродуктивна бидејќи би ризикувала да се спречи испораката на хуманитарна помош за Украина и извозот на жито од таа земја, оцени денеска во Букурешт американската амбасадорка во НАТО Џулијан Смит.

– Вашингтон верува дека тоа не е неопходно во овој момент, го соопши ставот на САД, кој претходно го изнесоа претседател Џо Бајден и други претставници на американската администрација.

– Всушност (таквата одлука) може да биде контрапродуктивна бидејќи може да го одложи или попречи испраќањето хуманитарна помош во Украина или да извезуваме жито од Украина, рече Џулијан Смит на онлајн брифинг со меѓународни новинари пред средбата на министрите за надворешни работи од земјите-членки на НАТО, која утре и задутре ќе се одржи во Букурешт.

– Затоа фокусот на САД, во тесна соработка со многу партнери и сојузници во светот, е да ги користат санкциите и да идентификуваат начини за дополнување на санкциите со цел да го зголемат притисокот врз (рускиот претседател Владимир) Путин и неговиот режим, но исто така да се најдат средства за вршење притисок врз економијата. Всушност, за да се спречи руската војска (…) да гради нови капацитети во сегашниот контекст (…) Значи, не гледам никакво движење, секако не во САД, кон прогласување на Русија за „терористичка држава“, објасни американската амбасадорка во НАТО одговарајќи на прашање за можноста Алијансата да разговара за таква одлука.

Back to top button
Close