Американската амбасада преку фб дополни што му кажал О’Брајан на Мицковски а ВМРО ДПМНЕ „заборави’да го каже во нивното соопштение

„О’Брајан потенцираше дека САД силно го поддржува патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ“, се наведува меѓудругото во објавата на Фејсбук.

Фејсбук профилот на Американската амбасада во Република Северна Македонија вечерва информираше за средбата на помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„О’Брајан потенцираше дека САД силно го поддржува патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ, како и важната улога што сите политички партии во земјата треба да ја имаат за поддршка на овој процес, се вели во објавата на „Фејсбук“.

Претходно, за средбата информираше и ВМРО-ДПМНЕ. но во него немаше ни збор од тоа што им го рекол О“Брајан на Мицковски,Муцунски и Мисајловски на денешната средба во Скопје/

Back to top button
Close