Анализа: Младите германски гласачи се свртуваат кон крајните левичари и десничари
Германските млади гласачи на денешните избори најмногу ги поддржале крајно левите и крајно десните партии, покажуваат првичните анализи на реномирани германски агенции за истражување на јавното мислење, пренесува ДПА.
Според „Форшунгсгрупе Вален“, Левицата (Die Linke) добила најмногу гласови меѓу младите под 30 години – 24 отсто, а веднаш зад неа е десничарската Алтернатива за Германија (АфД) со 21 отсто.
Анализата на „Инфратест димап“ покажува слични резултати – Левицата со 25 отсто, а АфД со 20 отсто меѓу гласачите од 18 до 24 години.
Централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ е на третото место со 13 проценти, а Зелените и социјалдемократите (СПД) ја делат четвртата позиција со 12 отсто од гласовите на младите