АНАЛИЗА: Поскапи бензини, “подгреана” инфлација!

На почетокот од септември литар Еуросупер од 95 октани се подаваше за 72 денари а Еуросупер од 98 октани за цели 74 денари по литар. Изминатите неколку години ова се практично и највисоки цени на нафтените деривати во земјава, пишува “Порталб“.  Во август годинава во споредба со истиот месец лани измерена е и една од повисоките стапки на ценовен раст од 4,9%.

Поскапа храна, зеленчук, тутун…

Поскапа храна, земјоделски и индустриски производи, поскапи услуги – во август регистрирана е позначајна стапка на ценовен раст. Конкретно во осмиот месец од годинава во споредба со истиот месец лани Заводот за статистика регистрираше пораст на цените на мало за 4,9%.

Покапено е речиси се, од прехранбени до индустриски производи.

                              Ценовен раст август 2021/август 2020

Прехранбени производи                                                              4,2%

Земјоделски производи                                                               9,0%

Непрехранбени индустриски производи и тутун                   5,2%

Индустриски производи                                                                4,2%

Во глобални рамки ценовниот раст на прехранбените производи е последица на растот на цените на примарните прехранбени производи, Зголемената побарувачка на пченица во некои од големите економии како Турција, Иран, Индија од една страна а намаленото производство, пред се во Северна Америка, придонесува за зголемување на цената на пченицата која е базичен прехранбен производ.

Горивата поскапуваат – трошоците за транспорт растат

Изминатиот период цените на горивата растеа во континуитет со што достигнаа нивоа највисоки во изминатите години. Па така на почетокот од септември литар Еуросупер од 95 октани се продаваше за 72 денари по литар а Еуросупер од 95 октани за 74 денари по литар. Само за споредба , лани во истиот месец цените изнесувале 60 денари, односно 62 денари за литар.

Во светски рамки се очекува натамошен раст на цената на нафтата.

“Се очекува значително посилен раст на цената на нафтата во 2021 година од очекуваниот во април, што во најголема мера е одраз на силната побарувачка, главно заради намалените рестриктивни мерки во глобални рамки, при истовремено намалени залихи на нафта и ограничување на производството на нафта од страна на ОПЕК” – оценуваат од НБМ.

Стабилизација на цените на нафтените деривати се очекува додгодина а во меѓувреме според прогнозите,  инфлацијата во земјава ќе расте но ќе се држи во проектираните рамки за годинава, не повисока од  3 отсто.  Она што е значајно е дека дел од ценовниот раст е “увезен” – односно поскпаувањата дома се и последица на инфлацијата со која се соочуваат и другите земји во регионот и во Европа а се наши стратешки трговски партнери.

“Нагорната ревизија за 2021 година се должи на очекувањата за повисок ценовен раст кај речиси сите наши увозни партнери, а најмногу кај Германија, Србија и Хрватска2 , додека за 2022 година речиси сите земји имаат сличен придонес за нагорната корекција” – соопштуваат од Народната банка и додаваат:

“Инфлацијата остварена во периодот јануари – јули, во просек од 2,5%, малку ја надминува очекуваната во априлскиот циклус проекции, при нагорни ревизии кај очекувањата за растот на увозните цени, чие движење е исклучително променливо и неизвесно, а со тоа и нивното влијание врз домашните цени” .

Растат цените – растат и трошоците за живот, најмногу кај транспорот за 13,5% во август годинава во споредба со истиот месец лани, кај хотели и ресторани трошоците на живот се зголемени за 4,8% а за храната, алкохолот, тутунот растот е нешто над 4%.

     Трошоци на живот август 2021/2020

Масла и масти                                    27,1%

Зеленчук                                               16,4%

Гас                                                           21,2%

Течни горива                                        19,1%

Транспортни услуги                             16,6%

Според последните оценки на Министерството за финансии инфлацијата годинава нема да надмине 2,1%. Во Еврозоната инфлацијата во август достигна 3 отсто и според анализата на Евростат, најголемо влијание врз растот на инфлацијата во Еврозоната има зголемувањето на цените на енергенсите во август од 15,4 проценти на годишно ниво.

Back to top button
Close