Анчелоти без Бразилец од Премиер лигата на Мундијалот

Младиот напаѓач на Челзи, Естевао нема да настапи на Светското првенство. Неговото име го нема на списокот од 55 играчи кој ги објави селекторот на „Кариоките“ Карло Анчелоти, кој е доставен до ФИФА.

Фудбалерот на Челзи ја повреди десната тетива на 18.април на дуелот против Манчестер Јунајтед и според медицинските екипи на бразилската репрезентација и на лондонскиот клуб Естевао нема да биде подготвен за Мундијалот.

Пред повредата се сметаше дека Естевао ќе биде сигурно дел од репрезентацијата на Бразил, особено што селекторот Анчелоти беше задоволен од неговите настапи.

Бразил на Светското првенство ќе настапи и без повредените играчи од Реал Мадрид Едер Милитао и Родриго.

Back to top button
Close