Анкета: Скоро половина од Британците мислат дека Борис Џонсон лошо се снашол како премиер

Речиси половина од Британците сметаат дека Борис Џонсон лошо се снашол како премиер, покажа најнова анкета, јавија Прес асосиејшн и ДПА додавајќи дека тоа е најлошиот резултат на еден британски лидер од Втората светска војна.

 

Податоците од истражувањето на агенцијата „Ипсос“ покажуваат дека околу 49 отсто од Британците сметаат дека Џонсон бил лош премиер.

За споредба, истиот показател за неговата претходничка Тереза Меј, на пример, беше 41 отсто, а за Дејвид Камерон – 38 отсто.

Сепак, Џонсон е на четврто место по показателот „кој најдобро се снајде како премиер“ затоа што 33 отсто од 1.100 анкетирани од Ипсос изјавиле дека тој добро се справил. Џонсон во овој поглед е зад Винстон Черчил (62 отсто), Маргарет Тачер (43 отсто) и Тони Блер (36 отсто).

 

 

Back to top button
Close