АПСУРДЕН ПРЕСВРТ

Ова е држава во која стандардна процедура за да завршиш работа во јавна служба е давањето  мито. Ова е држава во која граѓанинот плаќа најмалку двапати, еднаш за платата за државниот или општинскиот службеник, а потоа по системот „искеширај, па ќе завршиме работа“. Затоа, сите предизборни ветувања на партиите што немаат врска со ветувања за одлучна борба со корупцијата се сосема безвредни. Притоа, да не нѐ замајуваат со празни зборови за борба против корупција, па макар ветиле дека ќе постават не еден, туку два вицепремиера за добро владеење.

Јас сум убеден за кого нема да гласам. Ама, не гледам дека некој може да ме убеди за кого да гласам. Едниве ги гледам какви се на власт. Другите ги гледам какви се во опозиција, многу добро ги паметам какви беа кога беа на власт, а и сега ги гледам како владеат во некои општини.

За да направиш избор треба да имаш понуда. Барем засега – понуда нема.

Кампањата официјално не е почната, ама барем тоа што го гледаме досега е само – видете колку се лоши другите. А вие, колку сте добри вие?

Целата колумна на Горан Михајловски на сдк.мк

Back to top button
Close