Археолошкиот музеј од утре отворен за посетители

 Археолошкиот музеј соопшти дека од утре почнува да прима посетители кои задолжително ќе се придржуваат на препораките за заштита од КОВИД-19 и на протоколот за посета на музеј.

– Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во музејот. Одржување дистанца од 1,5 до 2 метра пред билетарницата, како и кај поставката. Препорачуваме бесконтактно плаќање со картичка. Забрането допирање на изложените експонати, соопшти Археолошкиот музеј, кој за јавноста беше затворен од средината на март.

Во соопштението музејот му се заблагодари на рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, и на тимот на Амбасадата на Руската Федерација за покажаната општествена одговорност со донирање бесконтактен апарат за дезинфекција на раце.

– Апаратот е поставен на самиот влез на музејот, со кој на посетителите им се овозможува уште побезбедна посета на нашата постојана поставка, наведува Археолошкиот музеј.

Back to top button
Close